Последните информации кои доаѓаат од Хрватска велат дека загрепската екипа Цибона има 14 позитивни случаи заразени со коронавирус.
Не е целосно прецизирано дали се работи само за кошаркари или покрај нив и членови на стручниот штаб, но јасно е дека практично целиот клуб испаднал позитивен на тестирањата.
Ваквиот развој на настаните го отежнува потенцијалниот почеток на сезоната 2020/21 во АБА лигата, особено ако земеме предвид дека случаи заразени со Ковид-19 се појавени и во Сплит, Задар и Игокеа.
Од босанскиот тим дури произлезе и идеја да организирање на „бабл“, налик оној на НБА лигата, со цел полесно и побезбедно да се изиграат барем првите шест кола на регионалниот шампионат