Јокиќ и Мареј рекоа „не оваа вечер“, „валканите“ Клиперси го сопреа Дончиќ – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/20 4:15 PM

Јокиќ и Мареј рекоа „не оваа вечер“, „валканите“ Клиперси го сопреа Дончиќ

Навидум неизвесниот дуел на Западот на екипите со сличен квалитет, Денвер и Јута, повторно се врати во реалната неизвеснот и возбудливост, откако Денвер успеа да спаси една меч-топка на Џезерите и да намали во серијата на 3:2.

Никола Јокиќ и особено Џамал Мареј, не ја продадоа кожата тукутака и успеаа да забележат важна победа од 115:107 над опонетот и ја оживееја серијата и шансата за прогресирање во плејофот.

Канадската ѕвезда брилијараше исто како и во првиот меч. Мареј во второто полувреме беше човекот на одлука. Шутеви за три поени, изнудени слободни фрлања, полагања на обрач и „вртења од 360 степени“. Несопирливиот колеџ ас на Кентаки, вчера уште еднаш покажа дека е вреден да игра во НБА и околу него да се гради франшизата на Нагетси.

Српскиот репрезентативен центар, Никола Јокиќ, одигра совршена прва 8/8 четвртина. Јокиќ го одржуваше во игра Денвер во првиот дел од мечот со перфектниот скорерски учинок, а во второто полувреме улогите се заменија и Мареј го презеде текот на натпреварот во свои раце.

Покрај 31 поен на Јокиќ, српскиот плејмејкер заробен во тело на центар забележа и шест скокови и четири асистенции, додека Мареј запиша 42 поени на свое конто. За Џезерите, Мичел постигна 30 поени, Руги Гобер имаше дабл-дабл со 11 поени и 12 скокови.

Последниот меч на програмата од три часот по наше време ни близу не беше возбудлив и натпреварувачки како претходниот.

Отсуството на Кристап Порзингис и очигледната повреда на скочниот зглоб на Лука Дончиќ, во голема мера придонесоа кон лесното справување на Док Риверс со Маверикс.

Клиперси доминантно се прошетаа до победата и го „избришаа подот“ со Далас, како што и беше донекаде очекувано. Но она што не беше очекувано е неспортското однесување на дел од екипата на Клиперси и обидите за „ненамерно“ повредување на младата словенечка ѕвезда во НБА лигата, вербалните провокации на клупата на тимот од Калифорнија.

Патрик Беверли на негов својствен начин, небаре се наоѓа во кафуле или на маалски кош, постојано дофрлаше од клупата, иако не беше во строј на натпреварот. Монтрез Харел и Маркус Морис ја користеа секоја прилика да го удрат и потчукнат Дончиќ при секој влез, а се чини дека и Док Риверс немаше многу против таа стратегија, со оглед на тоа дека Клиперси во текот на сите 48 минути одиграа на идентичен начин.

 

Пол Џорџ конечно се разигра, 35-те поени претставуваа и повеќе од доволен скор за доведување на Клиперси до само уште една победа до финалната победа над Далас. Ленард постигна 32 поени.

Лос Анџелес Клиперс го постигнаа новиот постсезонски рекорд, забележувајќи највеќе поени и престигнувајќи го рекордот поставен против Голден Стејт Вориорс од 138 поени во 2014 година. Разликата од 43 поени е најголемата разлика во нивната плејоф историја.