СП 2018: Ковачиќ против Исланд без грешка – ММС
ММС

Објавено на: 06/27/18 7:03 AM

СП 2018: Ковачиќ против Исланд без грешка

Фудбалерот на Хрватска, Матео Ковачиќ покажа неверојатен процент на точност во натпреварот од третото коло од групната фаза на Светското првенство против Исланд   (2:1).

Тој синоќа на дуелот одигран во Рост на Дон, имаше 79 додавања и сите беа точни. Фудбалерот на Реал со својата 100 процентна точност имаше голем придонес во средниот ред на „коцкестите“.

Ковачиќ беше во стартниот состав и беше заменет на 81. минута од средбата.

Извор: МИА