Претпоставка е дека половина од штипјани прележале Ковид 19 во летниот пик на болеста – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/20 2:29 PM

Претпоставка е дека половина од штипјани прележале Ковид 19 во летниот пик на болеста

Се смирува епидемијата на Ковид 19 во Штип. Веќе неколку дена, бројот на новозаболени е едноцифрен – вчера беа три нови случаи, во понеделникот немаше ниту еден новозаболен, а денеска има четири нови случаи на Ковид 19. И додека во Штип се намалува бројот, пациенти за тестирање доаѓаат од речиси сите градови на источна Македонија, особено од Берово, Делчево и Виница, кои стануваат нови жаришта.

Многу веројатно поголемиот дел на населението во Штип, околу 50 отсто, да се имаат заразено и прележано Ковод 19, од кои еден дел и асимптоматски. Ова, според директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова, може да се смета за причина за намалување на бројот на новозаболени. Димитрова смета дека е поминат пикот, кога доаѓа до голем број на заболени, по што вирусот полека се смирува. Сепак, претстојната есен и отворањето на училиштата може да биде нов предизвик за граѓаните.

Конфекциите повеќе не се жаришта на болеста, а новите случаи што деновиве се регистрираат, се резултат на контакти. Новозаболените деновиве се главно пензионерите, што може да се должи на меѓусебното групирање, но и на контактите со младите во семејството. Пензионерите се со ослабен имунитет, со присутен коморбитет и тешко го прележуваат вирусот.

Меѓу новозаболените, од кои дел се хоспитализирани и во Клиничката болница во Штип, се од ромската населба, што е загрижувачки, дека може да стане место на ширење на вирусот.

Остануваат препораките за придржување на пропишаните мерки за заштита.

За разлика од Штип, каде по периодот на двоцифрени бројки состојбата се смирува, ново жариште станува крајниот Исток.

Во Центарот за јавно здравје во Штип деновиве термните се закажани од пациенети од градови како Делчево, Берово и Виница, каде бројките на новоаболени пораснаа по Илинден и годишните одмори.