Работите за изградба на водоводот за село Синичане се уште не се започнати – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/20 1:02 PM

Работите за изградба на водоводот за село Синичане се уште не се започнати

Работите за изградба на водоводот за село Синичане се уште не се започнати. Мештаните од ова населено место и натаму во овие летни горештини се без вода за пиење.


Градоначалникот на Боговиње Албон Џемаили се надева дека од наредната недела ќе се започне со градежни активности за изградба на водоводот. Работите биле во мирување оти директорот на дирекцијата за вода бил на годишен одмор.

„Денеска имаме добра вест. Од Дирекцијата за вода бидејќи директорот го искористи годишниот одмор, денеска го добивме потписот, односно потписот од таму и верувам дека во понеделник Комисијата ќе излезе на местото на настанот и многу наскоро ќе ја направат дефиницијата, за потоа да започнат работите”, изјави Албон Џемаили- градоначалник на општина Боговиње.

Во случај да не започнат градежните работи, Џемаили најавува протести и блокади со мештаните

„Жителите и понатаму остануваат таму, дење и ноќе, 24 часа. Жителите се решени и информациите што ги имам, велат дека ако работите не започнат деновиве, веројатно ќе има протести од различни димензии, блокирања на патиштата или нешто друго”,  изјави Албон Џемаили- градоначалник на општина Боговиње.

Планирано е проектот за изградба на водоводот да заврши на 20 септември и конечно да се реши проблемот со недостигот од вода за пиење за жителите од село Синичане.

Зоран Димовски