Притворени Нефи Усеини и неговиот брат – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/20 11:46 AM

Притворени Нефи Усеини и неговиот брат

Советникот во општина Охрид од редовите на ДУИ, Нефи Усеини и неговиот брат, од пред околу половина час се спроведени во притвор во Охрид, потврдија за „Независен“ од Министерството за внатрешни работи.

Од таму велат дека натамошни информациии треба да се бараат од Обвиниетелството.

Браќата Усеини беа недостапни за органите на прогонот речиси цела недела, откако  Основниот суд во Охрид го прифати предлогот на обвинителството и им одреди мерка притвор на бизнисменот и советник во општина Охрид од редовите на ДУИ, Нефи Усеини и на неговиот брат за тепачка во Охрид.

На двајцата им беше одредена мерка осумдневен притвор, но изминатите денови беа недостапни на полицијата која трагаше по нив.

СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против браќата Усеини поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки материјали“ за инцидентот што се случи во хотел во центaрот на Охрид, каде беше нападнат охриѓанецот Спирко Топалоски.

 

Независен