Струшкиот градоначалник Мерко со Ковид 19 заврши на Инфективната клиника во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/20 11:27 AM

Струшкиот градоначалник Мерко со Ковид 19 заврши на Инфективната клиника во Скопје

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко на сопствена иницијатива побарал да биде тестиран, по што е примен на Инфективната клиника во Скопје,  потврдија од неговата партија ДУИ.

Од Општата болница на Струга изјавија дека струшкиот градоначалник самиот побарал да биде лекуван на Инфективната клиника во Скопје.

Градоначалникот е во добра здравствена состојба, потврдија од Општина Струга, од каде  соопштуваа дека во овој период Мерко го користи својот годишен одмор. Општината нормално функционира.