Најголема рударска трагедија во БиХ и во СФРЈ: Во Крека пред 30 години загинаа 180 рудари – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/20 9:56 AM

Најголема рударска трагедија во БиХ и во СФРЈ: Во Крека пред 30 години загинаа 180 рудари

На денешен ден (26 август) во 1990 година, во рудникот Добрња-Мрамор, неколку часа по полноќ, во страшна експлозија загинаа 180 рудари. Тоа е најголема несреќа во историјата на рударството во Босна и Херцеговина, а веројатно и во СФРЈ, заедничката држава која тогаш уште постоеше.

Сите кои таа вечер се симнаа во јамата, освен Смаил Имамовиќ, кој со тешки повреди и во кома, сепак, преживеа, ги изгубија животите. Тузла беше обвиена во црно и го направи најголемиот погреб во историјата на градот, пишува сараевски „Аваз“.

Рударите оставија во тага 180 семејства и 365 рударски деца, за кои со години се грижеше рудникот „Крека“. Јамата  во која се случи несреќата беше трајно затворена.

Основната причина за трагедијата, според Обвинителството, беше експлозија на јагленова прашина до која дошло поради неправилно минирање на челичната подграда.

Во занк на сеќевање на загинатите рудари, секоја година на 26 август, во рудниците „Крека“ им се оддава почит, со надеж дека никогаш повеќе таква трагедија нема да се повтори.