„Небо -Точак-Земја“ е документарниот филм за историјата на Ромите, што ќе биде промовиран на 31 август, со почеток од 20 часот во Кинотека на Македонија.Филмот е во продукција на СП БТР и копродукција на Студио 7. Режисер е Коста Марковски, сценариото е на Зоран Димов и Рамуш Муарем –Цирко, а трае 59 минути.
Филмот го обработува животот на Ромите, или:
„Едно битно прашање? Тие се покрај Вас и вашето опкружување, но колку навистина ги познавате Ромите? Колку знаете за нивната богата и долга историја, традиција, култура, јазик? Дали нивниот живот бил весел како и нивната музика, или пак е тежок, тажен и темен како нивниот тен? Зошто е навредлив зборот „Циган„? Зошто се борат да бидат наименувани со терминологијата – РОМ? Запознајте се со најпознатите Роми научници – нобеловци, претседатели на држави, актери – оскаровци, спортисти… (Данскиот нобеловец за медицина Аугуст Крог, сликарот Пабло Пикасо, Композиторот и виртуоз на виолина Николо Паганини, актерите Чарли Чаплин. Рита Хејворт. Сер Мајкл Кејн, Јул Бринер, Ава Гарднер, Натали Вуд, Елвис Присли, гитаристот на Роулинг Стоунси – Рони Вуд, фудбалерите, Неста, Пирло, покојниот Хосе Антонио Рејес и многу други)„.