Сол, шеќер и алкохол-никако! Целулитот не е само лош изглед, туку и болест! – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/20 8:52 AM

Сол, шеќер и алкохол-никако! Целулитот не е само лош изглед, туку и болест!

Целулит е термин кој се користи за две различни болести:

–           Инфекција на поткожно ткиво веднаш под дермисот. Оваа инфекција може да биде многу сериозна, таа всушност прозлегува како резултат на некоја рана или на други повреди на кожата. Денталната инфекција предизвикува целулитис на лицето и на вратот.

–           Воспаление или промени на поткожното ткиво кое не е инфицирано, обично се појавува кај гојазните жени. Кожата ја губи еластичноста и се јаува така наречената кора од портокал. Овој тип на целулит не е сам по себе опасен, повеќе е од естетска природа. Сепак треба да се спречи бидејки е одраз на нездрав начин на живот. Неговото појавување на кожата може да биде последица на гојазност, хормонско пореметување, сува и нееластична кожа и насобирање на течности и на отрови ( токсини) под кожата. Здравата исхрана во комбинација со физичка активност дејствува одвнатре, донесува многу подобри резултати одколку самите козметички третмани на кожата.

Потребно е да се внесуваат дуиретички намирници кои го подобруваат извлекувањето на течностите кои се наталожени во ткивата и го ублажуваат целулитот. Такви намирници се:

–           ВОДА ,  доколку се нема доволен внес на вода се зголемува можноста за појава нацелулитот

–           ОВОШЈЕ ,  го зголемува исфрлувањето на штетните материи и течностите кои се насобрани под кожата. Обилното конзумирање на овошје не штити од целулит и го поттикнува излачувањето на вишокот течности и на вишокот штетни материи. Кога говориме за овошје особено се препорашува лубеницата како круна на овошјата за елеминирање на целулит.

–           ИНТЕГРАЛНИ ЖИТАРКИ, особено се препорачуваат во секојдневната исхрана кај оние кои што имаат целулит или се склони за создавање на целулит, заради нивните  богати витаминско-минерални состојки.

–           МЕШУНКИ, сите мешунки, а нарочно гравот, обезбедуваат нијацин и пантотенска киселина, кои се одговорни за здравјето на кожата. Сојата и нејзините преработки, особено соиното млеко обезбедуваат и фитоестрогени ( билни хормони), како што се изофлавоноиди. Тие ги  регулираат хормонските пореметувања кои доведуваат до појава на целулит.

–           ВЛАКНА, исхраната богата со влакна го намалува целулитот бидејки влакната ги задржуваат и ги одстрануваат токсините (отровите) од цревата, го спречуваат нивното ширење низ крвотокот и таложење на ткивата.

–           ВИТАМИН А, е витамин кој е од суштинско значење за здрава кожа. Морковот, зелениот лиснат зеленчук и портокалите се одличен извор на бета-каротен(растителен провитамин А)

–           ЗАСИТЕНИ  МАСТИ, доколку се застапени премногу предизвикуваат целулит бидејки се наталожуваат под кожата.

–           СОЛИ, премногу натријум, кој се наоѓа во готварската сол предизвикува задршка на течности во ткивата, особено под кожата, што го зголемува целулитот.

–           АЛКОХОЛ, е отров за келиите и за ткивата, го зголемува целулитот.

–           ШЕКЕРИ, самото конзумирање и производите кои содржат шекери предизвикуваат дефицит на витамини неопходни за разградување на шекерите во телото. Неискористените шекери се претвараат во масни наслаги кои се таложат под кожата и предизвикуваат целулит.