Одмазда: Руски и сириски авиони во пустина убиле 327 од осомничените за смртта на рускиот генерал – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/20 8:00 AM

Одмазда: Руски и сириски авиони во пустина убиле 327 од осомничените за смртта на рускиот генерал

Руски и сириски борбени авиони, со поддршка на артилерија и специјални оперативни сили, убиле, според руски извори, 327 милитанти во сириската пустина, кои биле вмешани во убиството на рускиот воен генерал на 18 август, соопштил денеска претставник на руските сили во Сирија.

Како што навел, во период од 18 до 24 август, силите на сириската влада, со директно учество на руски воени советници, подготвиле и спровеле голема операција со цел да ги ликвидираат милитантните групи.

Тој додал дека во нападите се убиени 327 милитанти, како и дека се уништени 134 засолништа, 17 кули за надгледување, 7 магацини со логистички материјали и 5 подземни магацини со муниција и оружје во областа ‘бела пустина’, пренесува TAСС.

Неименуван руски службеник изјавил дека рускиот воен генерал-мајор Вјачеслав Гладких загинал на 18 август од импровизирана експлозивна направа, поставена од милитантите.