Излета амбулантно возило на патот Штип – Радовиш кај Лакавица – ММС
ММС

Објавено на: 08/25/20 9:59 PM

Излета амбулантно возило на патот Штип – Радовиш кај Лакавица

Вечерва по 22 часот, на патот Штип – Радовиш, кај селото Лакавица, излета возило на Итна помош. Од СВР Штип потврдуваат дека има повредени, но нема детали. Неколку амбулантни возила со сирени заминаа и брзо се вратија од излезот на градот.

Од полицијата повеќе информации најавија за утре.

Патот Штип – Радовиш во делот околу Лакавица е со изменет режим на сообраќај поради изградбата на експресниот пат. На повеќе места има интензивни градежни активности. Дополнително движењето вечерва го отежнува и лизгавиот коловоз.