Емотивното писмо на Ален Ајверсон за Коби Брајант: Човеку, моите деца навиваа за тебе – ММС
ММС

Објавено на: 08/25/20 7:21 PM

Емотивното писмо на Ален Ајверсон за Коби Брајант: Човеку, моите деца навиваа за тебе

На 23 август 1978 година е роден Коби Брајант. Еден од најголемите кошаркари на сите времиња. Мамбата ќе го прославеше 42 роденден пред два дена, доколку не се случеше големата хеликоптерска трагедија годинава.

Неговиот голем спортски ривал и пријател надвор од теренот, Ален Ајверсон, искористи прилика со емотивно писмо да се прости од НБА иконата.

Писмото на поранешната ѕвезда на Филаделфија го пренесуваме во целост:

Драг Коби,

ова ќе биде тешко. Но морам да ja тргнам оваа тежина од градите. Сите расчистете го патот за мене и Коби. Расчистете го рекетот за Чак и Коби, последен пат.

Мој човеку.

Првиот пат кога те видов како играш против „Црниот Исус“ (Мајкл Џордан), имаше само 18 години и оттогаш знаев дека си „убиец“. Тогаш сфатив дека ќе станеш легенда. Одеше јако, без страв таа вечер против Мајк. Мислам, знаев дека си опасен, но кога те видов како играш против Џордан, знаев дека сте со идентичен дух.

Можеби пораснавме во различни околности, ама кога те видов на терен и кога видов колку силно влегуваш во секоја ситуација, знаев дека имаме ист менталитет. Не бев висок, но во моите мисли бев голем секоја вечер. Ти беше висок два метри и можеше во сон да поентираш, само тоа не беше доволно за тебе, сакаше да бидеш најдобар на сите времиња.

Сите говорат дека сакаат да бидат најдобри на сите времиња, но не сакат да жртвуваат сè што е потребно да се стигне таму

Се сеќаваш ли кога дојдов во Лос Анџелес по првпат во нашата руки сезона? Отидовме заедно да јадеме, а ти ме праша што ќе правам после? Јас ти одговорив дека веројатно ќе излезам во некој ноќен клуб, сепак сме во Лос Анџелес…И ти што одговори?

Одговори дека ќе се вратиш во сала да тренираш. Ти си веројатно единствениот кошаркар во историјата на оваа игра чија посебност не била преовеличувана. Мамба не беше мит, човеку. Еден или два наутро, сите знаевме каде се наоѓаш.

Ти и јас, секогаш кога зачекорувавме на терен, тоа беше како да одиме во војна еден против друг, но не постоеше анимозитет воопшто. Тоа беше како два боксери од тешка категорија да одат еден против другиот да „убијат Бог“ еден во друг. И тогаш се слуша звук од сирена. И после тоа постои само љубов и почитување. Големината си бара партнер и ние си требавме еден на друго. На Тајсон му требаше Холифилд, исто како што на Холифилд му требаше Тајсон.

На секоја личност му е потребен некој што ќе му рече „Ти си тој опасниот?“, па и јас сум опасен.

Ех, човеку, ти беше тој опасниот. Ти беше најцврстиот играч што го имам видено во историјата на кошарката. Најладнокрвниот сериски убиец. Најжестокиот натпреварувач против кого се имам борено. Се сеќавам дека еднаш слушнав приказна кога си бил на гостување да гледаш еден мој меч во кој постигнав 35 поени против Никси во Њу Јорк, во нашата прва година во лигата. Беше толку бесен што си ја искршил целата хотелска соба, си галамел и си викал „дајте ми фајл од Ален Ајверсон“, си ме истражувал како да си ЦИА. Си ме проучувал исто како што големата бела ајкула ги проучува и лови фоките по Тихиот океан.

Она што најмногу го сакам во оваа приказна е фактот дека е вистинита. Таков беше нашиот однос. Двајца момци кои се туркаат еден со друг до крајни граници. Следниот пат кога беше во Филаделфија, беше несопирлив. Ме уништи. Не постоеше теорија да те запреме. Секој чекор мораше да биде до максимум, беше поголем од мене, ама сакаше да ме чуваш. Таа вечер сакаше да покажеш дека си најголем и најопасен „мамо *бец“ кој воопшто заиграл кошарка.

И јас не сакав ниту еден дел од Коби Брајант на другата страна од теренот. Човеку, не!

Јас не можам да те застанам, никој тоа не го може. Ти беше Коби и ти би направил на терен се што ќе наумиш, затоа што беше снајпер, убиец, ладнокрвен убиец. И сега кога зборувам во минато време за тебе станувам емоционален, се наежувам.

Не ми звучи реално, ти беше мојот човек.

Во финалето во 2001 година, одевме еден на друг како тешкаши, ама не од некоја голема омраза или слично, тоа е нешто кое не може да се сфати. Тоа беше од почитување и љубов.

Не можам да ти кажам колку фотографии видов на кои сме јас и ти, еден од нас изведува слободни фрлања, а другиот говори различни работи и се смееме.

Човеку, па кој губи НБА титула најдобар стрелец во финалето, уфрлајќи 33 поени во просек? Како бе постигнуваше 35 поени во просек? Зошто мораше тоа да го направиш?

Мораше, затоа што тоа беше ти. Затоа што беше Коби Брајант. Затоа што беше гигант. Веројатно беше во „фазон“, гледаш ТВ исечоци и ме гледаш мене како постигнувам 41 поен и си кажуваш во себе „јас утре ќе постигнам 43, да видам како ќе ти се допадне тоа Чак“.

Секогаш бев самоуверен, знаев што можев да направам. Бев поентер, победник. Го правев тоа на мој начин, добивав некои мечеви, ама ти беше шампион! Освојуваше прстени, беше сакан во целиот свет, па човеку ти беше сакан во мојата куќа. Мојата најстара ќерка го обожаваше Коби Брајант. Немој да ме сфатиш погрешно, сакаше нејзиниот татко да победи, ама сакаше и Коби да изигра совршено.

Моите деца сакаа да ги купат твоите „Адидас„ патики кога ќе излезеа нови. Носеа броеви 8 и 24, затоа што беше еден од нивните херои. Да бидам искрен, ти беше еден и од моите херои. Иако беше помлад од мене, јас се угледував на тебе и на тоа како се жртвуваше и што даде на оваа игра.

Кога и да ме прашаше некој кој е најдобар играч во историјата на кошарката, нема да лажам, секогаш вика Мајкл Џордан. „Црниот Исус“ е најдобар на сите времиња, ама број два?

Број два, секогаш велев Коби Брајант.

Никој не беше поцврст од тебе, никој не извлекуваше максимум од мене како тоа што го правеше ти. Секогаш бевме поврзани во оваа игра и во животот.

Сакав само да имаме повеќе време заедно.

Чудно, не знам дали некогаш ти го имам ова кажано, еден од моите омилени спомени е доаѓањето во Лос Анџелес, да те видам кога ги повлекоа од Лејкерс броевите 8 и 24. Кој е толку добар за да му ги повлечат двата броеви? Не можев да го пропуштам тој момент за ништо на светот. Ама знаеш што е лудо околу тоа? Сите во „Стејплс центарот“ се однесуваа кон мене како да сме ја освоиле титулата во 2001 заедно.

Обезбедувањето се шалеше со мене, ме тераа да слезам и јас на паркетот долу, ме гледаа како луд кога слегов да те прегрнам, своето бебе го држеше во раце. Тој момент нема никогаш да го заборавам. Бев среќен што сум дел од наследството на Коби Брајант.

Како поминува брзо времето, човеку. Како да беше вчера моето прво доаѓање во Лос Анџелес. Бевме само деца.

Не си повеќе овде на земјата, но никогаш не замина. Кога ќе го изговориш името Коби Брајант, сеќавањата навираат во секунда. Гледам како покажуваш прст во воздух, како заминуваш од терен откако си уфрлил 81 поен против Торонто. Гледам како скокаш во воздух на ист начин како Мајкл Џордан кога ја освои титулата.

Гледам како стоиш пред мене додека изведувам слободни фрлања, се смееш, ништо не говориш и ме гледаш во „фазон“ ти си на ред, Чак.

Тие сеќавање никогаш нема да заминат. И да, ќе плачеме…

Сите ние повремено ќе заплачеме кога ќе се потсетиме дека не си тука. Но во исто време и ќе се смееме како „кучкини синови“ кога ќе помислиме на тие спомени.

Навистина не знам како да го завршам ова писмо. Не знам ни како да кажам збогум на легенда како што си ти. Татко, сопруг, пријател. Немам зборови!

Тоа што знам е…те сакам брате! Искрено од срце. Чак.

 

 

Превод:

meridianbetsport.ba