Грчкиот суд одлучи: Meгваер е виновен за физичка повреда, обид за поткуп и насилство против државни службеници – ММС
ММС

Објавено на: 08/25/20 5:46 PM

Грчкиот суд одлучи: Meгваер е виновен за физичка повреда, обид за поткуп и насилство против државни службеници

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, обвинет е од страна на судот во Грција дека е виновен за повторено физичко повредување, обид за поткуп, насилство против државни службеници и навреди, по неговото апсење на грчкиот остров Миконос викендов.

Мегваер учествувал во групна тепачка пред еден ноќен бар на островот, која наводна започнала кога група момци се упатиле кон англискиот репрезентативец и прво вербално, па физички го нападнале. Мегваер според неговиот адвокат, само застанал во своја и одбрана на луѓето околу него.

Откако полицијата пристигнала на местото на настанот, Мегваер започнал со навреди врз полициските службеници, а според грчките медиуми и од денес судот на оваа земја, физички нападнал и повредил службено лице.

Интересно е што Хари Мегваер денес беше избран во поширокиот список на селекторот на „Гордиот Албион“, Герет Саутгејт, за претстојните репрезентативни обврски во Лигата на Нациите.