Од Тетовско-гостиварската православна епархија со апел граѓаните кои ќе присуствуваат на празнувањата да се придржуваат до мерките за заштита од ширење на коронавирусот.
Од Тетовска – гостиварската епархија велат дека празнична Вечерна богослужба ќе биде отслужена во четврток, на 27 август, со почеток во 16 часот, додека на 28 август со почеток во 07 часот ќе започне Утрената богослужба, а Светата архиерејска литургија ќе започне во 08 часот.
Поради пандемијата нема да има официјални приеми и манастирски ручек, а нема да бидат поставени и надворешни штандови за продавање на разни производи.
Чествувањето на празникот строго ќе се спроведе според посочените протоколи и услови пропишани од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, велат од Тетовско-гостиварската православна епархија.