Стојанче Стоилов позитивен на корона вирусот – ММС
ММС

Објавено на: 08/25/20 2:09 PM

Стојанче Стоилов позитивен на корона вирусот

РК Вардар објави дека капитенот на екипата Стојанче Стоилов е позитивен на корона вирус. Тоа значи дека иконата на скопскиот тим ќе го пропушти првиот официјален меч во сезоата, четвртфиналето на SEHA Гаспром со Нексе на 29 ри август во Скопје.

Стоилов ќе биде во изолација 14 дена, а сите ракомеари од Вардар ќе бидат тестирани по трет пат од стартот на подготвителниот период.

Инаку Стоилов по вчерашниот тренинг се пожалил на омалаксаност, а откако ситуацијата не се подобрила, веднаш направил тест, и истиот покажал дека е позитивен.