За 10% поскапуваат водата и таксата за канализација во Битола – ММС
ММС

Објавено на: 06/26/18 2:25 PM

За 10% поскапуваат водата и таксата за канализација во Битола

За околу 2,5 денари за метар кубен поскапува водата во Битола, додека сметките за Нискоградба ќе поскапат за 1,35 денари, односно поскапувањето ќе биде за околу 10%. Одлуката за поскапувањето на водата и таксата за канализација се најде пред битолските советници. Според опозицијата, ова поскапување е уште еден удар врз џебот на граѓаните.

-На мала врата ќе ги протнат одлуките за поскапување на цените на ЈП водовод и ЈП Нискоградба. Гледаме дека со овие одлуки вкупно граѓаните ќе плаќаат 1800 денари до 2020 година повеќе на годишно ниво од она што го плаќаат сега за услугите на овие претпрјатија. Паралелно во истите овие претпријатија течат вработувања на блиски роднини и пријатели на актуелната локална власт во Битола, изјави Иванчо Тошевски, советник од ВМРО ДПМНЕ во битолскиот Совет.

Директорот на ЈП Водовод, Горан Козаров вели дека цената која сега се предлага е пониска од таа што прично беше предложена во јануари. Тој истакна дека покачувањето на цената е на барање на Регулаторната комисија за енергетика.

-До Советот е дадена цена која е повисока за 10% повисока од моменталната, а претходната беше за 15,5 %, што е успех на работењето на претпријатието. Ова покачување на цената на водата е исто така и на барање на Регулаторна. Имаме и препорака од Европската Унија која налага да ја прифатиме, реле Горан Козаров, директор на ЈП Водовод Битола.

Одлуката за поскапувањето на водата и таксата за канализација во Битола беа изгласани од мнозинството во Советот на Општина Битола, додека опозицијата гласаше против.

 

Маја Богоевска