Извлечени 60, спасителите се борат за уште 30-ина луѓе под урнатините на петкатница во Индија – ММС
ММС

Објавено на: 08/25/20 10:03 AM

Извлечени 60, спасителите се борат за уште 30-ина луѓе под урнатините на петкатница во Индија

Спасувачите извлекоа шеесетина преживеани и телото на една жртва од урнатата зграда во индискиот град Махад, јужно Мумбаи, изјави денеска локален претставник на власта.

Спасителите се’ уште трагаат по повеќе по триесетина луѓе, за кои има стравување дека се заробени под урнатините на петкатната зграда што се урна синоќа, пренесуваат светските агенции.

– Десетици спасители од националните сили за помош при катастрофи ноќеска вадеа делови од урнатините за да можат да ги извлечат затрупаните станари и тешко повредените да ги однесат во болница – изјавија од надлежните органи.

. Во петкатницата имало 47 станови и надлежните допрва треба да ја утврдат причината за уривањето.