Доскорешната светска фудбалска ѕвезда Роналдињо, по повеќе од пет месеци поминати во затвор, поради користење лажен пасош при влез во Парагвај, од вчера е на слобода. Освен Роналдињо, судијата Густаво Амарила, одобри ослободување и на неговиот брат Роберто. Двајцата беа во притвор од 6 март годинава.
Роналдињо во Парагвај дошол заради промоција на својата книга „Гениј на животот“, како и да учествува во неколку хуманитарни акции, но заврши зад решетки. Кон крајот на април, бразилски медиуми објавија приказна со тврдење дека Роналдињо во Прагавај отишол од други причини, а не како што зборувал. Според „Журнал де Бразил“, требало тогаш да биде дел од голем коцкарски турнир.
Роналдињо ја заврши кариерата во јануари 2018 години, а се смета за еден од надобрите фудбалери во светот на сите времиња. Играше за „Барселона“, ПСЖ и „Милан“.