„Нокаут“ празнично на Хераклеа – ММС
ММС

Објавено на: 08/25/20 9:18 AM

„Нокаут“ празнично на Хераклеа

„Нокаут“ продолжува да ги оживува античките локалитети. После успешниот и емотивен концерт на Античкиот театар во Охрид, музичката магија ќе ја донесат и на сцената на Хераклеја во Битола.

Денот кога „Нокаут“ повторно ќе се сретне со битолската публика е закажан за 7 септември. Специјални гости на вечерта ќе бидат Игор Џамбазов, и рок легендата која со нив настапи и на Античкиот театар, Венко Серафимов.

Групата и организаторот од Продуцентската куќа “Сцена”, ја уверуваат публиката и пошироката јавност дека вечерта на концертот ќе бидат запазени сите мерки на претпазливост. Покровител на настанот е Општина Битола.

Билети во предпродажба можат да се набават во  продажната мрежа на www.mktickets.mk