Не ги „штедат“ ни Хрватите: „Ако не не’ дотолчи короната, тоа ќе го сторат комарците“, се жалат осиечани – ММС
ММС

Објавено на: 08/25/20 7:50 AM

Не ги „штедат“ ни Хрватите: „Ако не не’ дотолчи короната, тоа ќе го сторат комарците“, се жалат осиечани

Комарците во последните денови Осиек го претворија во „воена зона“, а граѓаните велат дека токму комарците, а не епидемиолозите, ги присилиле на карантин. Од детските градинки апелираат до родителите да донесат заштитни спрејови за децата да можат да си играат и надвор зашто дури и во претпладневните часови престојот на отворено е неиздржлив, пишуваат хрватски медиуми.

Како во Македонија, комарците на многу места не ги оставаат на раат ни Хрватите. Во послено време тоа е најмногу видливо во „престолнината“ на Славонија, Осиек. Жителте на градот порачуваат дека не сакаат да го поминат остатокот од летото затворени во четири ѕида затоа што одговрните не се во состојба да се пресметаат со комарците.

„И кучињата не сакаат да бидат на отворено, влегуваат во куќите бегајќи од комарците“, се жалат граѓаните.