Тимот на ОРЛ лекари од клиниката на Клиничкиот центар Ниш ќе бидат меѓу првите во светот што ќе се обидат да утврдат дали вирусот корона, покрај тоа што предизвикува губење на чувство за вкус и мирис, влијае и на слухот и му штети. Првите прегледи на докторите од Ниш на првите дваесет пациенти покажуваат дека помал број пациенти имаат одредени нарушувања кога станува збор за уво и со слух.
Душан Милисављевиќ, директор на клиниката за ОРЛ на КЦ Ниш, потенцира дека докторите од Ниш ќе спроведат опсежно истражување, во кое ќе бидат опфатени околу 100 сериозно болни ковид пациенти кои се лекуваат на клиниките до крајот на септември.
Респираторните пациенти нема да бидат вклучени во оваа студија
– Имајќи предвид дека короната не напаѓа само на еден орган, туку на неколку системи, а со тоа доведува до губење на чувството за мирис и вкус, нашата желба беше да провериме дали Ковид-19 го напаѓа и внатрешното и средното уво, како и аудитивниот нерв – посочува Д-р Милисављевиќ.
Тој наведува дека тимот на лекари од ОРЛ од клиниката секој ден влегува во црвената зона, каде вршат стандардни ОРЛ испитувања на пациенти и користат аудиометар.
– Ги земаме и сите податоци, како и лабораториски параметри, скенирање на белите дробови и други работи, со цел да направиме анализа, како по возраста, така и според степенот на заболувањето, за тоа каков е одговорот на увото во состојба на инфекција со новиот вирус. Ги испитуваме пациентите до 65-та година, затоа што кај постарите лица, чувството за слух може природно да ослабне – објаснува Милисавјеевиќ.
Досега, овој вид преглед е извршен на дваесетина пациенти
– Кај мал број на пациенти се јавува губење на слухот при високи фреквенции. Имаме и пациенти кои се жалат на зуење, како и оние кои се жалат на нестабилност и вртоглавица, а тоа се симптоми што ние лекарите од ОРЛ и невролозите ги третираме заедно, бидејќи центарот за рамнотежа се наоѓа во внатрешното уво, а ние ги испитуваме зошто се случува тоа. Се разбира, тие често се жалат на главоболки – додава директорот на клиниката ОРЛ во КЦ Ниш.
Тој исто така забележува дека пациентите вклучени во ова истражување ќе бидат преиспитани и прегледани еден месец по завршувањето на третманот и вирусот, со цел да се споредат резултатите и да се утврди дали се вратило нивното чувство за мирис и вкус и каква е нивната состојба на слухот.
Тој очекува да ја запознае српската, а потоа и светската јавност со резултатите од истражувањето на крајот на септември.
Извор: srbijadanas.com