Се сеќавате на нашиот филм „Викенд на мртовци“? Е таква реалност се случила во Ниш. Телото на Нишлијката ЕИ (70) која починала по операцијата во КЦ Ниш, наместо нејзините роднини, работниците на ЈКП „Горица“, која управува со болничката капела, го предала на човек од Бор, кој погрешно ја идентификувал како негова почината сопруга!
Кога е откриен случајот на замена на починатите, потребни биле уште два часа телото да се врати во Ниш, бидејќи комбето со другиот ковчег со починатата веќе стигнало до Књажевац. За тоа време роднините на Е.И. ја чекале на новите гробишта во Ниш.
Борис Илијев, син на покојната Е.И. за спрските медиуми вели дека бил шокиран кога дознал дека телото на мајка му било дадено на маж од Бор и дека доживеал голем стрес заради сè.
Извор: mondo.rs