Сандер Сагосен стана „зебра“, норвешкиот бек и официјално е ракометар на Кил – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/20 8:35 PM

Сандер Сагосен стана „зебра“, норвешкиот бек и официјално е ракометар на Кил

Еден од најдобрите играчи во ракометот, норвешкиот бек Сандер Сагосен и офиијално стана дел од „Кил фамилијата“. Дваесет и петогдишниот плејмејкер се придружи на германскиот великан со цел да го врати на старите патеки и повторно да застане на европскиот трон.

-Свесен сум дека очекувањата се големи, притисокот е голем, но што поголем притисок тоа поголем предизвик за мене. Верувам во моите квалитети, ростерот и Кил. За мене Кил е најголемиот тим во светот и во моментот располага со најдобар ростер. Мојата цел да освоиме пет или шест трофеи во првата сезона. Бундеслигата е прва „на тапет“. Сонот да се заигра во оваа лига е исполнет, изјави Сагосен за клупскиот веб-сајт.

Последниот ангажман на Сагосен беше во ѕвездениот тим на ПСЖ и поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес. Трите сезони поминати во Париз поминаа без значаен успех за скапиот колектив и норвешкиот репрезентативец.