Tри лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва на крстосницата на булевар „Партизански одреди” и булевар „8 Сетември” во Скопје, соопшти МВР.
– Во сообраќајната незгода учествуваа три возила Мерцедес, Хонда и БМВ, сите со скопски регистарски таблици. Повредени се три лица, велат од МВР.
Двајца од повредените се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза”, а еден во болницата „Свети Наум Охридски”.