Британската кралица го одобри Законот за Брегзит – ММС
ММС

Објавено на: 06/26/18 1:38 PM

Британската кралица го одобри Законот за Брегзит

По неколку месеци остри дебати во британскиот Парламент, денеска стапи на сила Законот со кој се уредува излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Текстот на Законот, кој беше претставен во јули 2017 година од конзервативната влада на Тереза ​​Меј, а усвоен минатата недела во британскиот Парламент, го потпиша денеска и кралицата Елизабета Втора.

„Кралската поддршка” е последната фаза од законодавната постапка на Велика Британија.