Челзи не се шегува, се очекуваат три засилувања оваа седмица – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/20 7:37 PM

Челзи не се шегува, се очекуваат три засилувања оваа седмица

Хаверц, Чилвел и Тиаго Силва. Челзи продолжува со огромната реконструкција летово. Тимо Вернер и Хаким Зијеш веќе официјално ставија потпис на договор со „сините“, а левиот бек на Лестер, поранешниот дефанзивец на Милан и ПСЖ и младата ѕвезда на Леверкузен, пред прагот се на вратите на лондонскиот гигант.

Финалето против Баерн Минхен вчера беше и последниот настап за бразилскиот интернационалец Тиаго Силва во дресот на парижаните. Тој од сезоната 2020/21 ќе ја промени средината, а според еминентните медиуми и новинари во Италија, Англија и Франција, дестинацијата ќе биде Лондон. На Силва ќе му биде понуден двегодишен договор, а тренерот на Челзи, Френк Лампард, во него гледал авторитетен дефанзивец со многу искуство кое ќе послужи во консолидација на младата одбрана на екипата од западен Лондон.

Името со кое освојувачот на Лигата на Шампионите се поврзува практично цело лето и на некој начин трансферот на младиот офанзивен плејмејкер на „фармацевтите“ стана трансфер-сага, Каи Хаверц, се чини дека конечно е во рацете на Челзи. Челниците на двете екипи се договориле, Челзи да му исплати на Баер Леверкузен 80 милиои евра, но и бонуси од двапати по 10 милиони евра. Бонусите се однесуваат на редовната партиципација на Челзи во Лигата на Шампионите и освојување на примарни трофеи во ЛШ, Премиер Лига и Фа Купот. Медицинските прегледи за Хаверц се закажани за крајот на работната недела, а веќе од следната, тој ќе може да им се придружи на колегите во подготовките за претстојната сезона.

Последен, но не и најмалку важен е англискиот репрезентативен лев бек и фудбалер на Лестер, Бен Чилвел. „Сините“ кубуреа на повеќе позиции во одбраната, па затоа во плановите на Френк Лампард, Чивел беше приоритет број еден за зајакнување на левата дефанзивна позиција. Дваесет и тригодишниот бек ќе стави потпис на петогдишен договор, а Челзи ќе мора да му исплати на Лестер 45 милиони евра плус дополнителни бонуси од пет милиони евра.

Очекувањата се дека ова трансфер лето за Челзи ќе го надмине и она легендарното од 2004 година, кога Мурињо ги доведе Матеја Кежман, Арјен Робен, Глен Џонсон, Дидие Дрогба, Петр Чех, Рикардо Карваљо и Паоло Фереира.