Утре и в среда вонредно прскање против комарци во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/20 11:56 AM

Утре и в среда вонредно прскање против комарци во Скопје

Град Скопје во вторник и среда ќе врши вонредно авионска дезинсекција (прскање) на комарци. Ова одлука како што инфомираат градските власти е донесена за поради изразената влага во вегетацијата која придонесува за поголемо размножување.

– Авионската дезинсекција (вонредна) на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на 25.08.2020 (вторник) и 26.08.2020 (среда), во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, соопштија од Град Скопје.

Воедно од таму ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

МИА