Почна судењето на терористот Брентон Терент, кој уби 51 и рани 49 луѓе во тероистичкиот напад врз две џамии во Крајстчрч, Нов Зеланд. Според информацијата на Радио Нов Зеланд, првиот ден од рочиштето во Високиот суд во Крајстчрч започна под силни безбедносни мерки.
Патиштата кои водат до Судот се затворени, а на покривите се поставени снајперисти. На сослушувањето, освен роднините на загинатите во терористичкиот напад, присуствуваат и луѓе повредени во нападот.
Се очекува на рочиштето, кое треба да трае четири дена, повеќе од 60 лица да дадат исказ. Додека трае рочиштето, ќе биде забрането емитување вести и известување во живо.
Терористот ќе учествува на рочиштето преку видео и аудио врска од затворот во Окланд. Тој во својата одбрана на 13 јули ги прифати сите обвиненија против него, вклучително и 51 убиство, 40 обиди за убиство и еден терористички напад.
Брентон Терент нападот на џамиите „Ал Нур“ и „Линвуд“ во Крајстчрч ги изврши на 15 март 2019 со автоматско оружје за време на петочната молитва.