Мексикански суд го осуди на 50 години затвор Хаун Карлос Морено, нарачателот на убиството на новинарката Мирослава Бриџ, која пишуваше за трговијата со дрога, насилството и за корупцијата во земјата.
Таа беше единаесетта новинарка ликвидирана во 2017 година во Мексико. Речиси 90 отсто од нападите врз новинарите во Мексико не се решени, а, според Репортери без граници, само во текот на годинава се убиени пет новинари, со што земјата е меѓу најсмртоноснте во светот за медиумските работници.
Убиецот на новинарката Бриџ остави порака – „Затоа што беше прегласна“. Според мексиканските медиуми, нарачателот Морено бил член на картелот Синаое, а непосредниот извршител по ликвидацијата на Бриџ, подоцна беше пронајден и убиен.