Време: Денес попладне и утре врнежливо, од среда до крајот на неделата сончево и топло – ММС
ММС

Објавено на: 08/24/20 5:51 AM

Време: Денес попладне и утре врнежливо, од среда до крајот на неделата сончево и топло

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во поголем дел од земјата ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура до 36 сепен. УВ=8.

Утре, според УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и изолирана појава на град. Од среда повторно ќе преовладува сончево и топло време.