И во Германија кластер „свадби“ – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/20 7:30 PM

И во Германија кластер „свадби“

Триесет и три лица се позитивни на коронавирус откако присуствувале на свадбени прослави во германската сојузна покраина Хесен, пишува „Би-Би-Си“.

Бидејќи прославите биле организирани во два дена – со 100 гости на 7 август и 160 други на 14 август, тие не морало да бидат пријавени кај локалните власти.

Најголем дел од гостите биле тестирани, но дел од нив се уште ги чекале своите резултати.

Еден ден пред тоа научниците организирале три поп концерти во еден ден, како дел од научна студија за да ги истражуваат ризиците од масовните собири во затворен простор за време на пандемија.

Германската канцеларка Ангела Меркел се очекува да има состанок со шефовите на сојузните држави во четврток, за да разговараат за унифициран пристап кон пандемијата.