Комеморација по повод смртта на Универзитетскиот професор Вулнет Палоши – ММС
ММС

Објавено на: 06/26/18 11:38 AM

Комеморација по повод смртта на Универзитетскиот професор Вулнет Палоши

На Тетовскиот универзитет беше одржана комеморација по повод смртта на универзитетскиот професор Вулнет Палоши кој по тешко боледување почина на 18 месецов по тешко боледување. На комеморацијата се обратија. професори, од факулетот за применети науки и членови на неговото семејство.

Универзитетскиот професор Д-р Вулнет Палоши, остави значајни дела и проекти во областа на инфраструктуата претежно во делот на нискоградбата. Тој беше еден од најистакнатите професори на Тетовскиот универзитет, кој  своето знаење го пренесуваше и на студентите на другите универзитети во земјава, посочија неговите колеги на комеморацијата по повод смртта на Палоши, која се одржа на Тетовскиот универзитет.

Вулнет Палоши е роден на 09.10.1950 година. Дипломирал во 1980 година на Градежниот Факултет на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, насока: патишта и сообраќај и се стекнал со стручен назив: Дипломиран Градежен Инженер. На истиот факултет специјализирал во 1987 година и се стекнува со стручен назив: Специалист по Технички Науки. На истиот факултет Магистрира во 2002 година од областа на патишта и се стекнува со стручен назив: Магистер по Технички науки. Во 2005 година на Градежниот Факултет при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, успешно ја брани Докторската Дисертација и се стекнува со стручен назив: Доктор по Технички Науки.

Во 2007 година со одлука на Сенатот на “Државниот Универзитет во Тетово“ се здобива со наставно научно звање: Доцент. Во 2013 година со одлука на Ректорската управа на “Државниот Универзитет во Тетово“ се здобива со наставно научно звање: Вонреден Професор.

Проф. Д-р Вулнет Палоши во својот работен век објави 10-тина научни трудови. Тој беше ангажиран во секојдневните консултации со студентите во студиската програма Градежништво и Архитектура, за објаснување на детали, нејаснотии и за помагање во нивниот континуален едукативен и професионален развој и беше член на наставно-научниот совет на Факултетот за Применети Науки од како го добил звањето доцент. Како наставник, предавач со академско звање вонреден професор на Факултетот за Применети Науки, студиска програма Градежништво и Архитектура, постојано беше ангажиран од една страна како наставник, практична настава и едукација на студентите, а од друга страна и во научно – истражувачки активности.

Проф. Д-р Вулнет Палоши беше член, соработник, кординатор, консултант, советник итн. во многу асоцијации, здруженија, препријатија и други институции. Автор и соработник на разни проекти со национален, државен и поширок карактер.

Зоран Димовски