Четири лица загинаа во поплави предизвикани од обилните дождови на брегот на Црното Море во Турција, а 11 други се водат како исчезнати, потврди министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
Како што соопшти тој, 127 лица биле спасени.
Обилните дождови на турскиот брег на Црното Море предизвикаа придвижување на свлечиштата, а жителите од станбените згради во провинцијата Риза се евакуирани.