Водата од роза се наоѓа во многу козметички производи, а причината е многу едноставна – прави чуда на кожата. Овој производ е многу популарен со децении, поради неговите моќни својства кога станува збор за подмладување. Главната состојка на кремот чиј рецепт ви го донесуваме е водата од роза.
Состојките во оваа комбинација ќе ви помогнат да ги измазните брчките и да спречите формирање на нови. Дерматолозите тврдат дека може да отстрани до 89 проценти од брчките од лицето, а покрај тоа, длабоко го хидрира лицето и го прави тен поубав.
За да се подготви ќе ви требаат:
– 1 лажица масло од јојоба
– 1 лажица масло од семе од шипинка
– 1 лажица шеа путер
– Половина лажица алое вера
– Половина лажица прашок од стеринска киселина
– 2 лажици розова вода
– 5-6 капки масло од роза
Подготовка:
Во сад ставете ја стеринска киселина, шеа путер, масло од јојоба и водата од роза и загревајте на тивок оган додека не се стопи путерот. Потоа додадете масло од шипинка, промешајте и почекајте да се излади малку. Потоа додадете алое вера и масло од роза. Промешајте додека не добиете хомогена мешавина, по што кремот е подготвен за употреба.
Извор и фото: dnevno.rs