Синовите на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Виктор и Стефан имаат и второ име, а малкумина знаат за тоа. Бидејќи и двајцата се родени во Америка, Лепа Брена, чие вистинско име е Фахрета Јахиќ, морала да им даде средни имиња. Нивните вистински имиња по документите се Стефан Емералд и Виктор Ернест.
https://www.instagram.com/p/B6wKULdFg9j/?utm_source=ig_embed
Живојиновиќ во една прилика изјавил дека нема потреба да се експонираат имињата напишани во нивните документи. Бидејќи се родени на американско тло, сите мора да имаат средно име.
– Тие имиња се напишани во нашите документи, но мислам дека нема потреба да се експонираат. Чудни се. Јас сум роден во Њујорк, а Виктор во Мајами и како и сите американски граѓани го имаме тоа средно име – рече Стефан во една прилика.
https://www.instagram.com/p/CC_elbCBVr7/?utm_source=ig_embed