По неколку недели од смртта на познатата српска пистателка Исидора Бјелица, не стивнуваат коментарите околу нејзиниот живот и борбата со лошата болест. Нови детали реши да открие нејзиниот син Лав, а сопругот, како што пишуваат српските медиуми, искрено ќе проговорел откако ќе се направат 40 дена од смртта на писателката.
– Многумина се прашуваат зошто Исидора последните два месеци ги помина со својата мајка Невенка и таткото Димитрије во блок 45, а не со своите деца и сопруг. Таа се пресели во тој стан по прогонот од војната во Сараево, тука сакаше да ја заврши нејзината животна борба. Синот Лав вели дека последните три месеци биле најтешки за неа, но таа ширела љубов и ги молела децата да бидат храбри. Сè за што не сакала да разговара, нејзиниот сопруг ќе го објави по 40 дена – вели извор за „Свет“, а и таа самата призна во еден момент:
– Требаше да умрам во пролетта 2013 година, да умрев на време, немаше да дознаам за многу предавства,ќе ме жалеа од срце сите што велеа дека ми се пријатели, а ги имаше многу, многу многу … Немаше да ги поминев сите тешки терапии па дури и потешки предавства, измами и лаги, не би си дозволил дури и да бидам обвинета дека сум ја измислила болеста. Да не се бпрев како луда немаше да си дозволам да им пречам на сите што ги сакав, и никогаш не би сватила колку сум проклето сама и никогаш не ќе дознаев како е тоа кога оние кои ве сакаа едвај чекаат да заминете бидејки не можат веќе да издржат да гледаат како секој ден се повеќе ја има болеста а се помалку ве има вас.