Наместо храна, мајка на затвореник во штипскиот затвор му донела пакет со марихуана – ММС
ММС

Објавено на: 08/23/20 10:35 AM

Наместо храна, мајка на затвореник во штипскиот затвор му донела пакет со марихуана

Интересен случај на „достава“ се случил вчера во штипскиот затвор.

– На 22.08.2020 во 11.03 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа – Затвор Штип било пријавено дека во затворот,  во пакет наменет за затвореникот Х.В., кој го донела неговата мајка Б.В., службени лица пронашле марихуана, се наведува во полицискиот билтен.

Полициски службеници извршиле увид и ја одзеле марихуаната. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.