Поранешна лекарка со апел: Пратете итно епидемиолог, Берово станува ново жариште – ММС
ММС

Објавено на: 08/22/20 10:08 PM

Поранешна лекарка со апел: Пратете итно епидемиолог, Берово станува ново жариште

Берово е новото жариште на коронавирус, откако по вчерашните осум случаи, денес се регистрирани девет нови случаи на Ковид-19. Поради долгото процесирање на резултатите на тестовите на социјалните мрежи со свои реакции излегоа неколку пензионирани лекари, кои велат дека е потребен пункт со поголем капацитет за тестирање.

-Берово е новото заристе на Ковид за зал со само 2 доктори во Здравствениот дом!!! Директорот е во болница со Ковид, сопругата, за жал, почината од Ковид. Нема епидемиолог во моментов!!!! Мора под хитно да се прати епидемиолог!!! Има еден кој ја покрива зоната Пехцево, Берово, Виница, кој во моментов не може да постигне!!! Врие и е тотален хаос!!!! Ако се разболат двајцата доктори ништо не правиме!!! Тие даваат се од себе но не се постигнува!!!Страшното сценарио е лугјето да поцнат сами по дома да се лецат И да биде предоцна после!!!!Тестирањата во Берово се праќаат во Центарот за јавно здравје во Кочани, а резултатите од недела на пример се соопштуваат доцна. Во меѓувреме, луѓе со симптоми се рашетуваат по Скопје за да се тестираат. Пункт со поголем капацитет е неопходен. Берово може да ја реши ситуацијата  полесно од Дебар само треба засукување на ракавите и добра организација, вели во својата објава на фејсбук поранешниот лекар Нада Аџиска.

Во Малешевијата денес освен девет нови позитивни случаи во Берово регистриран е и еден позитивен пациент во Пехчево. Во двете општини во моментот има 28 активни случаи на Ковид-19.

Во соседните општини денес има четири нови случаи со Ковид-19, од кои три во Делчево и еден во Македонска Каменица.

 

МИА