Facebook е добра платформа за комуникација и следење на она што се случува со нашите пријатели и најблиски, но исто така е главен извор на информации на интернет за милиони корисници. Многу луѓе трошат часови секој ден за да ја проверат нивната сметка и тоа за никој не е тајна. Компанијата тестира нова алатка која ни овозможува да следиме колку време трошиме на Facebook секој ден. Оваа функција ќе биде достапна прво за паметните телефони на Android.
Една од идеите е корисниците да можат да запираат конкретни елементи на социјалната мрежа, како што е делот за коментари или содржината од одредени групи и сметки. Ова може да се направи откако ќе го користите вашиот Facebook по однапред определен број часови дневно. Се уште не знаеме колку долго ќе и треба на компанијата да ја интегрира оваа функција во официјалната апликација за Android. Веројатно нема да чекаме долго пред „Your Time on Facebook“ да биде достапно за iOS.
Извор: МИА