Сиромаштијо и на Господ си му тешка- Пејачот Џеј Рамадановски секој ден носи храна на сиромашните – ММС
ММС

Објавено на: 08/22/20 7:31 PM

Сиромаштијо и на Господ си му тешка- Пејачот Џеј Рамадановски секој ден носи храна на сиромашните

Пејачот Џеј Рамадановски ја покажа својата хумана страна, но тој не кажал на никој за неговите гестови. Имено, со месеци уште од рани зори купувал се што останувало од пецива низ пекарите и им го давал на оние кои немале леб. Како што вели за „Супер ТВ“, тој добро се сеќавал како тоа било за него кога бил сиромашен  и никој не сакал да живее на тој начин.

– Секогаш пред крајот на смената околу два после полноќ, а во некои пекари околу пет Џеј доаѓа и купува сè што останало. Го дели тоа што ќе го купи по ќесиња и ќе ги закачи на контејнерите. Потоа доаѓаат сиромашни луѓе и ја земаат храната. Тој често купува храна за сиромашните и во текот на денот. Дури и кога беше болен, тој не се откажа од тоа, само тоа што другите ги закачуваа торбите а тој плаќаше – рекол изворот, а Џеј скромно го потврдил.

– Јас секогаш ги честам луѓето кои немаат,  не само јас, туку и моите драги пријатели од Дорчол или Менхетен, како што го нарекувам. Јас секогаш помагам колку што можам, за оброкот, за основите. Се сеќавам како беше порано, па сега им враќам на сите. Во периодите кога настапував во ресторани, одев на оние позади, кои миеја шерпи или чистачките, па им го давав целиот бакшиш. Музичарите ме караа, но јас велев,  епа нека, ако им давам. Јас секогаш велев, сиромаштијо, и на Господ си му тешка. Што да не помогнам – вели Џеј, кој поминува многу време изолирано поради пандемијата.

– Не одам скоро никаде, разговарам со моите пријатели од Виена преку компјутер, моите деца доаѓаат и тоа е. Ќерката Ана ги чува децата, не знае каде е лево од хаосот – вели дедо Џеј, кој сака ова што побргу да помине па да запее.

Извор и фото: informer.rs