Предлогот за новата Влада ќе биде доставен до Собранието во понеделник – ММС
ММС

Објавено на: 08/22/20 4:28 PM

Предлогот за новата Влада ќе биде доставен до Собранието во понеделник

Партиски извори од партиите, кои ја договорија новата Владата, потврдуваат дека мандатарот Зоран Заев списокот со предложените имиња во понеделник ќе го достави до Собранието. По тоа почнуваат да течат законските 15 дена за изгласување на новата Влада. Денеска беше потврдено и последното име на министер, кое недостасуваше за Минисгтерството за информатичко општество и администрација, што е предлог на ДУИ.

Се очекува ведна во следните денови да биде закажана расправата, откако во петокот беше избран Талат Џафери за претседател на Собраните, како и составот на Комисијата за ибори и именувања.

Во оваа комисија да се донесат предлозите на партиите за претседатели, заменици, членови и нивни заменици во комисиите во Собранието. Сепак, формирањето на Владата нема никаква врска со нивните претходни избори, бидејќи за тоа постои посебна постапка.