Откако ја објави својата кандидатура за членка на Демократската партија на следните регионални избори во Италија, закажани за септември, адвокатката Моника Патијо Гомез беше бомбардирана со стотици сексуално-расистички навреди за само неколку часа.
„Врати се на Колумбија“, „оди на улица“, „дружи се со Чичолина“, (поранешна порно ѕвезда) и слично.
Гомез, кој е со потекло од Колумбија, живее и работи 20 години во Фиренца, мажена и мајка на тригодишен син, а нејзина професионална специјалност е меѓународното право и имиграцијата.
“Жално е што една жена која се осмелува да влезе во политика, треба да ја плати оваа цена. Денес тие ме напаѓаат мене, а утре друг. Знаев каква е политичката клима, но кога ќе доживеете нешто сами, сè е различно од тоа што ќе го прочитате” , вели Гомез, чиј случај се пресели од страниците на Фејсбук на насловните страници на дневните весници и другите медиуми.
Пред да стане адвокат, Гомез работеше како фабрички работник, во канцеларија како сметководител, за да се издржува, а кога дипломирала, се посвети на борбата за правата на имигрантите од Јужна Америка, особено на жените во нивната борба за независност.
Таа е основач на здружението „Жени мигранти“.
„Посакував да станев позната по мојата работа, за моите идеи и за мојата визија за иднината, не за овие фашистички испади на омраза. Омразите се производ на политичката клима и политичката пропаганда кон странците“, рече Гомез.
По навредите и грубите зборови, таа одлучи да размисли дали да започне политичка кариера.
„Но, јас сигурно нема да се откажам од мојата борба токму заради овие стереотипи и предрасуди. Сакам во иднина да нема разлика кога ќе згреши некој што по раѓање е Италијанец и некој што го стекнал тоа право со доаѓање и работа “, истакна таа.
После дождот на навреди и пцуењето од веб хејтери, голем број политичари изразија поддршка за Моника Гомез.
„Ние сме на спротивната страна на дивјаците зад тастатурата на компјутерот. Ние гордо се бориме против расизмот и сексизмот на оние кои вербално го нападнаа Гомез, а токму заради тоа и против тоа, ја кандидираме Гомез во име на нашата партија “, рече секретарот за Тоскана на Демократската партија, Симона Бонафе.
Извор: alo.rs
Фото: mondo.rs