Близок соработник на Мерко нов предлог на ДУИ за министер во МИОА – ММС
ММС

Објавено на: 08/22/20 12:04 PM

Близок соработник на Мерко нов предлог на ДУИ за министер во МИОА

Доктор Јетон Шаќири ќе биде министер за информатичко општество и администрација, предложен од Демократската унија за интеграција (ДУИ), информира весникот Коха.

Веста за весникот ја потврди и ДУИ. Оттаму велат дека Шаќири ќе биде нивниот кадар во Владата и ќе управува со Министерството за информатичко општество и администрација.

Првиот предлог за министер, Ширет Елези не помина пред највисокото партиско тело.

Новиот предлог, Шаќири,  е близок соработник на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Шаќири е професор на Меѓународниот универзитет во Струга, кој се поврзува со Мерко, а дел од својот работен век помина и како директор на струшкото претпријатие Водовод и канализација.

Владата со новите предлози треба да биде избрана од Собранието до 2 септември.