Актерката Даниела Штајнфелд е позната по улогата во еден од најпопуларните српски филмови, „Ивкова слава“ од 2005 година, во која ја играше убавата Мариола, во која се вљуби Светислав (Никола Ѓуриќко). Даниела во тоа време имаше само 21 година, а избегала во Америка заради пеколот што ја преживеала.
Таа во документарецот „Држете ме цврсто“ рече дека е силувана од моќен човек од домашната филмска индустрија.
Даниела неодамна го презентираше документарниот филм на Сараевскиот филмски фестивал, а во филмот ги интервјуира жртвите и насилниците, но и раскажа што се случило и со неа.
– Имав идеја да направам филм за последиците од силување и сексуална злоупотреба од гледна точка на жртвата и лицата кои го извршиле злосторството. Кога го погледнав суровиот материјал, бев охрабрена и во последен момент решив да ја споделам и мојата приказна – рече Даниела и пишува Вариети.
Откако дошла во Америка, таа имала проблем со посттрауматско стресно нарушување, но закрепнувала со помош на пријателите.
– Бев изненаден од фактот дека она што ќе зборувам е всушност почеток да бидам во ред. Тоа е лек. Тоа беше големо откритие за мене – рече Даниела.
Таа не сакаше да го открие името на силувачот, но истакна дека тој е моќен човек од филмската индустрија. Како што рече, таа се плашела да каже на некој што и се случило и многу се плашела за безбедноста на семејството.
– По силувањето, јас се доверив само во мојот лаптоп. Снимав мали видеа кои завршија во документарен филм. Тие денес се скапоцен тестамент, затоа што тие покажуваат како жртвата се чувствува по злоставувањето – рече актерката.
По „Ивкова слава“, Даниела играше во серијалот „Ранет орел“, во која ја играше Донка, а се појави и во серијалот „Она наше што некогаш беше“ и „Ќе се вратат штрковите“.
Извор: telegraf.rs
Фото: novi.ba