Хрватски медиуми вчера известуваа за „лудило по шеќер“ во Сисак. Жителите на тој хрватски град масовно ги празнеле рафтовите со шеќер во маркетите. Не е јасно како наеднаш настанала толкава потреба од големи количества на тој продукт.
Дали тоа е почеток на нов тренд во времето на Ковид-19, по непотребното складирање на тоалетна хартија, појава што пред неколку месеци го зафати целиот свет, можеби сега непотрабно ќе се трупаат залихи од шеќер во домаќинствата, пишува „Вечерњи лист“.