Турција во Црното Mоре отрки најголеми резерви природен гас во својата историја – ММС
ММС

Објавено на: 08/22/20 7:23 AM

Турција во Црното Mоре отрки најголеми резерви природен гас во својата историја

Со сондажно истражување на наменскиот брод „Фатих” Турција во Црното море откри резерви на природен гас од најмалку 320 милијарди кубни метри, јавува aгенцијаta Анадолија.

Турскиот претседател Ердоган v;era имаше обраќање до нацијата во кое ја соопшти веста за откривањето на најголемата резерва на природниот гас во историјата на Турција, која спроведува интензивно истражување на дното на своите мориња.

Резервите на плин откриени се во ексклузивниот економски појас на Турција и тоа околу 170 километри од турскиот брег, а тој успех претставува отскочна даска за понатамошни такви истражувања.

Се очекува зголемен интерес на меѓународните компании за Црното море бидејќи Турција оствари откритие кое би можело да ја смени рамнотежата во тој регион.

– Турција досега годишно произведувала 16,6 милијарди кубни метри плин

Турската национална нафтна компанија TPAO и други локални компании досега произведувале вкупно 16,615 милијарди кубни метри природен гас во таа земја, а годишното производство сочинува околу еден процент од вкупната годишна потреба од 45 милијарди кубни метри.

Преостанатите 99 отсто од потребите за природен гас Турција увезува со гасоводи од Русија, Азербејџан и Иран и со увоз на течен плин ЛНГ од САД, Норвешка, Катар, Алжир и уште некои други земји.

Трошоците кои Турција ги има за увоз на плин зависат од цените на тој енергенс, а во 2014 година тој расход изнесувал 20 милијарди долари, а потоа дошло до намалувањето на цените и трошоците за увоз на гас се намалени на помеѓу 10 и 15 милијарди долари на годишно ниво.

Турција располагаше со докажана резерва на гас од 3,3 милијарди кубни метри и повеќето од резервата е сместена во копнените наоѓалишта. Новоотркиените резерви се речиси 20 пати поголеми од вкупната количина на гас која Турција досега ја произведувала.

Доколку во Полето на природниот гас во Сакарја годишното произвоство на тој енергенс ќе изнесува десет милијарди кубни метри, тоа би подмирило една петина на турските потреби за период од 32 години.

Новооткриените резерви во Црното Море би можеле да бидат само најава на новите откритија со кои се очекува дополнителен раст на турските ресурси.

– Стратегијата на поморските сондажни истражувања на Турција

Турција сондажните бушења на дното во Средоземното море и во Црно море ги започна во 1970 година. Турската национална компанија TPAO во 2004 година тие истражувања во базенот Црно море-1 ги интензивираше и унапреди со тридимензионални сеизмички истражувања.

Не осврнувајќи се на критиките и опструкциите, Турција со доследното спроведување на стратегијата откри и отвори извори на гас во Акџакоџа полето и производството на тие локалитети е активно.

Турција споведе низ слични истражувања во Црното море и во соработката со компаниите BP, Petrobras, Exxon Mobil i Shell.

Сеизмичкото пребарување на Турција го вода домашни наменски бродови.

Турција во 2013 година почна сеизмички истражувања да ги спроведува со домашните ресурси и бродовите „Барбарос Хајретин Паша” и МТА „Оруч Реис” кои се во инвентарот на домашните компании TPAO i MTA.

Тие наменски бродови за сеизмички истражувања имаат мисија да ја направат сликата на турските природи хидрокарбонски резерви на Црното море, Средоземното море и Мраморното море, а по анализата на собраните податоци во мислијата на потрага за енергенсите се вклучени и сондажните бродови „Јавуз” и Фатих”.

Првиот домашен турски сондажен брод „Фатих” од 2017 година е во инвентарот на компанијата TPAO, од Истанбул на прва задача во Црното море е испратен на 29 мај оваа година на 567 годишнина од освојувањето на Истанбул. За да помине низ Босфорот, на бродот „Фатих” му се демонтирани високите врови, а повторно се подигнати во пристаништето во Трабзон.

Првата сонда на локалитетот Туна-1 кај Зонгулдак бродот „Фатих” ја направи на 20 јули и тоа на длабочина од четири километри. Станува збор за локалитет кој е наречен Поле на природниот гас Сакарја.

Бродот „Фатих” може да врши сондажни бушења и до 12.200 метри под висок притисок, а по технолошката опременост се свстува во еден од петмината најопремени во светот.

Бродот и припаѓа на националната турска компанија ТРАО, која како таква би требала бргу да работи на подготовка на новооткриените резерви, значително побрзо од меѓународните компании кои тоа го работат водени искучително со цел трговска заработка.

Турскиот претседател Ердоган денес рече дека природниот гас од Црното море би требало веќе 2023 година да биде на располагање на турскиот народ.

Претходно Турција ќе спроведе детални пресметки на резервите и план на производство и да ги подигне платформите за црпење гас. Паралелно со тоа, Турција ќе продолжи со истражувањата во Црното море и ќе гради гасовод кој енергенсот од морето ќе биде транспортиран на турскиот брег.

– Романија откри најголема резерва во Црното море

Слични сондажни истражувања во Црното море водат и соседните земји Романија, Бугарија и Украина.

Најголема резерва на природен гас која досега е откриена во Црното море и припаѓа на Романија, а станува збор за базенот Нептун кој поседува производен потенцијал помеѓу 42 и 84 милијарди кубни метри плин.

– Источен Медитеран и неговите резерви

Откривањето на новите резерви на енергенсите за Турција претставуваат важен фактор во контекст на зголеување на домашните ресурси и намалување на зависноста од увоз.

Турција затоа ги интензивираше истражувањата на Медитеранот а нејзините бродови „Јавуз” и „Фатих” извршија вкупно девет сондажни бушења во морињата.

Оваа година Турција го покрена и третиот домашен сондажен брод „Кануни” кој моментално е на ремонт во пристаништето во Мерсин. Палнот е и тој да се приклучи во истражувањата во Источниот Медитеран.

– Се раѓа можност за извоз на природен гас од Турција

Претседателот на Унијата на дистрибутери на природен гас на Турција Јашар Арслан за АА рече дека Турција минатата година извршила увоз во висина од 45,3 милијарди кубни метри на природен гас.

„Ако велиме дека годишно за гас трошиме 12 милијарди долари, фактурата за увоз годишно ќе ја намалиме за близу 2,6 милијарди долари со производство од десет милијарди кубни метри плин од новото наоѓалиште”, рече Арслан.

Истакнувајќи дека Турција има долгорочнидоговори за увоз на природен гас, Арслан рече дека во наредните пет години истекуваат договорите за набавка на 30 милијарди кубни мери на тој енергенс, а дел од таа набавка ќе дојде од идните извори во Црното море.

„Јакнењето на домашното производство ќе ни даде голема предност во контекст на идните преговори за цените и условите на набавка на гас, а долгорочно е извесно дека ќе биде опција и Турција да стане извозник на природен гас”, рече Арслан.

Експертката и првата личност на компанијата „Deloitte” за секторот на природни ресурси на Турција, Елиф Душмез Тек, рече дека последното откритие на резерви со природенгас во Црното море е исклучително важно за Турција.

Таа рече дека моментално постои криза на глобалниот пазар на цени на енергенсите, но дека откритието на големи резерви со гас е важно за безбедноста на Турција, намалувањето на нејзината зависност од увоз и конечно, за јакнење на нејзината позиција во идните преговори.