Репрезентацијата на Хрватска е сигурно пласирана во осминафиналето, а дури 99% е прва во групата Д. Првото место може да „испари“ само ако загубат со три разлика вечерва од Исланд, а Нигерија со истата разлика ја победи Аргентина.
Сепак, многу поголемо внимание ќе има моментот со кој состав Хрватите ќе истрчаат вечерва на стадионот во Ростов на Дон. Од „пожолтените“ (еден жолт картон) најавен е само Ведран Ќорлука, додека на клупата ќе бидат Шиме Врсаљако, Иван Ракитиќ, Марио Манџукиќ, Анте Ребиќ, Марсело Брозовиќ. Од тартните 11 се очекува настап на капитенот Лука Модриќ и на Иван Перишиќ. За Модриќ важи правилото дека подобро е да остане во натпреварувачки ритам и дека пауза може лошо да делува.
Според последните најави од хрватските медиуми се очекува против Исланд да стартуваат: Калиниќ – Једвај, Ќорлука, Ќалета-Цар, Пивариќ – Бадељ, Модриќ, Ковачиќ – Пјаца, Перишиќ, Крамариќ.
Превземено од: sportclub.mk