Куќата што Горан Бреговиќ ја поседува на Јахорина се наоѓа на една од скијачките падини, голема е 450 метри квадратни и нејзината сегашна цена на пазарот е околу половина милион евра, велат тамошните агенции за недвижнини.
Ова е неговата оаза, во која ужива во текот на зимските денови. Самиот има кажано дека дека таму напишал бројни хитови за многу изведувачи, затоа што секогаш има добра инспирација во таа вила. Дури и неговите колеги честопати останувале со него на Јахорина, како Тонџи Хуљиќ и Петар Грашо, кога го снимија познатиот албум „Мадре Бадеса“ во 2011 година, на кој соработуваа со Бреговиќ.
Денот кога српскиот Курир ја посетиле вилата ролетните биле спуштени, а бидејќи до него има само уште две куќи, никој немало да прашаат каков сосед е Брега.
„Работниците во хотелите и рестораните во близина знаат дека Брега е чест гостин на оваа планина. Еден од нив ни откри дека сопругата на Бреговиќ, Џенана била таму пред неколку дена, но дека тие не го виделе музичарот ова лето. Од неговиот колега дознавме дека планинската куќа на славниот музичар има шест спални соби, мала теретана и базен. Скијачите не можат навистина да ѕиркаат во домот на Брега, бидејќи предниот дел на куќата е заштитен со високи дрвја, додека од другата страна може да се види само еден дел од неа. Но, бидејки е на крајот на улицата, скоро никој не доаѓа таму. Забележавме дека семејството Бреговиќ се подготвува за зимата, затоа што пред куќата беа остатоци од исечени дрвја за огрев.
Кога стана сопственик на куќа на Јахорина, а потоа и на неколку други прекрасни вили во Белград, Загреб и Париз, Брега изјави дека купил големи имоти од страв од сиромаштија.
– Цел живот се плашев од сиромаштија. Во странство, не е како овде, кога сте на улица, немате тетка да одите на ручек, немате вујко да позајмувате пари. Во војна губите се што имате за еден ден. Поради тој страв, купив премногу работи. Пред војната, имав куќи, станови, бродови, автомобили … Сега веќе не се грижам за себе, имам деца, затоа имам ист страв за нив – рече Бреговиќ.
Покрај куќата на Јахорина, композиторот има и петнаесет куќи во Белград, од кои три се во населбата Сењак. Тој исто така е сопственик на двокатна кука во Загреб, која ја купил во 2005 година и ја изнајмува за 5000 евра месечно, а во црногорскиот град Пераст има две куќи, едни до други. Заедно со нив, во 2009 година тој изгради старечки дом во кој инвестираше 100.000 евра. Тој исто така поседува резиденција во Париз, како и вила на Босфор, која ја купи во 2015 година. Неговата турска резиденција од едната страна има пристап до морето што ги раздвојува Европа и Азија, а од друга страна се наоѓа во сенка на шума.
Извор и фото: kurir.rs