Црвеното вино содржи антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од срцеви болести и го урамнотежуваат крвниот притисок. Пиењето црвено вино нуди неколку предности, а кои се тие прочитајте во продолжение:
Може да спречи кариес
Тоа што устата добива виолетова боја кога пиете вино веќе не би требало да ви се чини толку лошо, затоа што виното всушност ги убива бактериите што придонесуваат за создавање кариес.
Помага во справувањето со алергиите
Недамна беа објавени осумдесетина независни студии кои покажуваат дека флавоноидите што се наоѓаат во црвеното вино ги намалуваат симптомите на астма, но и на алергиите. За да се истражат овие импликации се потребни уште подетални истражувања, но сепак звучат ветувачки.
Го намалува ризикот од депресија
Иако тешкото опивање честопати се поврзува со менталното здравје, една чаша вино дневно може да го одржи ендорфинот на соодветно ниво и да го спречи развивањето депресија.
Извор: cosmopolitan.hr